Гули, Питу

Од Metapedia

Скокни на: содржини, барај
Питу Гули во комитско одело

Питу Гули (1865 – 1903) — се родил во Крушево и бил од ароманско потекло. Современици сведочат дека имал завршено само две одделенија основно училиште, во младоста бил овчар, крчмар, гостилничар, заточеник и комита. По раната смрт на таткото, мајка му го главила да работи кај богатиот трговец и сточар Манду во Кочани. По некое време, како и многумина други крушевчани, во потрага по подобра егзистенција, се нашол меѓу македонските печалбари во Софија.

Годината на раѓањето се изведува од сведоштвата за неговото влегување во четата на Адам Калмиков. Неколкумина современици тврдат дека во 1885 година, тој бил на дваесетгодишна возраст и може да се прифати дека Питу Гули е роден во 1865 година. Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.

Калмиковата чета се формирала во Ќустендил, а се состоела од 120 четници, чија главнина дошла од Софија. Со неа дошол и Питу Гули. Префрлувањето преку границата станало во две групи, ноќта на 18 спроти 19 мај 1885. По влегувањето во Македонија, четата се движела во јужна насока - преку Осогово, Пијанец, Голак, Плачковица, Радовишко и Плауш кон Демир Капија. Во Радовишко четата била откриена. Против неа излегле потерни единици, составени од турска војска и башибозуци. Останувајќи без водичи и врски, четата изгубила ориентација, а преминот на Вардар кај селото Градец бил чуван од бројна аскерска единица.

Заробените востаници во Солун биле држани неколку месеци во затворот "Беаз Куле" (Белата Кула), којашто и денес стои до самиот морски брег. Востаниците добиле по десет години затвор, освен Ташко од Лазарополе, кој затоа што изјавил дека тие дошле да се бијат за ослободувањето на Македонија добил 15 години. Судот го одредил затворот на градот Аргале Маден за место на издржувањето, оддалечен два дена пешачење на исток од Дијарбекир. Поаѓајќи со брод од Солун, изврзани еден со друг со синџири од по седум алки. Целото патување од Солун до Аргале Маден траело три и пол месеци, од 19 декември 1885 до 28 март 1886 година.

Лични алатки