Понтифекс Максимус

Од Metapedia

Скокни на: содржини, барај
Октавијан Август во одело на Понтифекс Максимус

Понтифекс Максимус (лат. Pontifex Maximus — „врховен понтиф“), бил највисокиот свештеник во староримскиот Понтифски Колегијат. Ова била највисоката свештеничка фукнција во римската религија, отворена само за патриции, до 254 п.н.е., кога за прв пат на оваа функција дошол плебеец. Ова била јасно религиозна функција во раната Римска република, но полека таа се исполитизирала и во времето на Октавијан Август била вклучена во титулата Цар (Император). За последен пат титулата ја имал христијанскиот цар Грацијан додека не прешла во рацете на Бискупот на Рим.

Денес, „Понтифекс Максимус“ е една од титулите на Бискупот на Рим како Папа на Католичката црква. Оваа титула редовно стои (меѓу останатите) на згради, паметници и монети, посветени или поинаку направени за време на извесен понтификат.

Лични алатки