Словенски руни

Од Metapedia
Прејди на: содржини, барај

Словенски руни, руница — хипотетично писмо, по мнението на некои истражувачи постоело кај словените до нивното крштевање и создавањето на кириличните и глаголските писма. Постои теорија (в. Црноризец Храбар) дека глаголицата се заснова на старословенски руни — „цртки и рецки“ (стсл. чръты и рѣзы) — кои се користеле само за свети текстови во словенската религија. Хипотезата за „словенски руни“ била добро позната во XIX век меѓу историчари а и подоцна во популарната литература.